Контакт-групата подготви документ за решавање на конфликтот во Донбас

Како што изјавија во ОБСЕ, в сабота во главниот град на Белорусија се планира потпишување договор со список на конкретни чекори за решавање на ситуацијата во Донбас.

Минск ги очекува учесниците во контакт-групата за Украина. Како што изјавија во ОБСЕ, в сабота во главниот град на Белорусија се планира потпишување договор со список на конкретни чекори за решавање на ситуацијата во Донбас. 

Веќе е познато дека шефот на украинската делегација Леонид Кучма е подготвен да полета за Минск. Но, такви ветувања се слушаа и претходно. Како резултат, во петокот средбата пропадна. Киевските претставници не дојдоа. Како и претходно, главниот аргумент на украинската страна е – таа е подготвена да води преговори само со лидерите на самопрогласените републики. Политичките претставници на ДНР и ЛНР за преговорите изјавуваат дека ги имаат сите овластувања за носење одлуки. Сепак делегацијата на Донбас изјавува дека во секој момент е подготвена да се врати во Минск за продолжување на дијалогот.

Амбасадорот на Русија во Украина Михаил Зарубов е веќе пристигнат во Минск, пренесува РИА Новости. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.