Јужна Осетија испрати до Москва нацрт-договор за соработка и интеграција со Русија, соопшти претседателот на оваа република Леонид Тибилов во петокот на седницата на владата.
Документот предвидува „длабока интеграција“, пред сѐ во сферата на одбраната, безбедноста и царинските служби, изјави за РИА „Новости“ извор близок до креаторите на нацрт-договорот.
Тибилов рече дека двете земји веќе се договориле за формирање единствен простор за одбрана и безбедност. Договорено е некои единици на вооружените сили и органи за безбедност на Република Јужна Осетија да влезат во состав на Вооружените сили на РФ. „Контролните пунктови на јужноосетиско-руската граница, според предлогот, треба да престанат со работа, а преминувањето на границата ќе биде слободно. Царинските органи на Јужна Осетија се спојуваат со царинските органи на Руската Федерација“, додаде Тибилов.
Во најскоро време нацрт-договорот ќе биде даден на разгледување во парламентите на двете земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче