Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПCСЕ) во средата, 28 јануари, одлучи да ги продолжи санкциите во однос на делегацијата на РФ и да ѝ го одземе до април 2015 година правото на глас и учеството во раководните органи на Собранието. За ова информира РИА Новости.
Во врска со ова шефот на руската делегација, раководителот на комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков изјави: „Ние го напуштаме ПCСЕ до крајот на годината“.
Тој исто така истакна дека одлуката за членство на Русија во Советот на Европа ќе биде донесена на крајот на годината. „До крајот на 2015 година ние остануваме членови на Советот на Европа, членарината е веќе платена. Остануваме членови на Советот на Европа на ниво на комитет на министри на Советот на Европа, односно соработката на ниво на влади ќе продолжи“, рече Пушков.
Русија остана без правото на глас во ПCСЕ и беше исклучена од сите раководни органи во април 2014 година по присоединувањето на Крим со Русија. Како одговор на тоа руските пратеници демонстративно го напуштија Стразбур и не учествуваа во летната и есенската сесија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче