„Нафтогас на Украина“ поднесе жалба до Арбитражниот суд во Стокхолм со барање за ревизија на транзитниот договор со „Гаспром“. Оваа информација се содржи во извештајот на рускиот холдинг. Вкупниот износ на побарувањето изнесува 6,2 милијарди долари
Меѓу другото, „Нафтогас“ побара 3,2 милијарди долари како надомест за недоволните (според мислиењето на компанијата) количини на гориво кои беа предвидени за транзит. Покрај тоа, претставниците на претпријатието бараат да се признае дека некои одредби од договорот можат да бидат ревидирани во согласност со енергетската и антимонополската легислатива на Украина и ЕУ. Конечно, „Нафтогас“ бара своите права и обврски според договорот за транзит да се префрлат на „Укртрансгас“.
Тужбата беше поднесена во октомври 2014 година, а судот ќе ја разгледа во 2016.
На крајот на минатата година транзитот на гас преку територијата на Украина се намали за една третина. Според проценката на рускиот Фонд за национална енергетска безбедност, Киев поради тоа загуби околу милијарда долари.
Според податоците на „Укртрансгас“, во 2014 година транзитот на руското гориво се намалил за 28 проценти – на 62,2 милијарди кубни метри. За земјите на Европа биле транспортирани 59,4 милијарди кубни метри гас.
Русија планира да се откаже од преносот на гас преку Украина во 2019 година, поради несогласувањата со Европската унија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче