Медиуми: Проруските ставови на Атина би можеле да станат „трн во окото“ на ЕУ

Новиот грчки премиер Алексис Ципрас од левичарската коалиција СИРИЗА претходно веќе ја покажа својата „одлучно руска позиција“ и повеќепати ја критикуваше актуелната политика на Европската унија спрема Москва. Тој, меѓу другото, изјави дека Европа „си пука себеси во нога“, кога применува остри мерки против Русија, пренесува RT, повикувајќи се на „Дејли телеграф“.

Еден од првите потези на Ципрас по стапувањето на должност беше изјавата дека Атина не ја  поддржува новата антируска резолуција на Европската унија. „Сакаме да истакнеме дека резолуцијата не доби поддршка од наша страна“, се наведува во официјалното соопштение на грчката влада.. 

Проруските ставови би можеле да станат „трн во окото“ на Европската унија, која се обидува да го засили економскиот и дипломатскиот притисок врз Москва, смета весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.