ЕУ сака да ги продолжи антируските санкции

Европската Унија планира да ги продолжи за половина година санкциите против Русија. Ова може да се заклучи од предлог-резолуцијата на министрите на МНР на ЕУ до кој дојде агенцијата Ројтерс. Гласањето за овој документ ќе се одржи во четврток, 29 јануари. Конечната одлука ќе биде донесена на самитот во Брисел на 12 февруари.

Според предлог-резолуцијата, шефовите на МНР на Европската унија се обратија до Европската комисија со барање во текот на неделата да ја прошират црната листа со тоа што ќе додадат во неа нови имиња.

Во март оваа година истекува важноста на првиот пакет антируски санкции кои беа воведени на 17 март 2014 година. Тогаш Брисел стави на списокот со санкции 21 руски и украински официјални лица и политичари во врска со референдумот за статусот на Крим. Во текот на 2014 година рестрикциите беа проширувани неколкупати.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.