Владата на Русија го претстави антикризниот план

Владата на Русија го претстави антикризниот план. Документот на 28 јануари беше објавен на сајтот на руската влада.

Владата на Русија го претстави антикризниот план. Документот на 28 јануари беше објавен на сајтот на руската влада.

Планот, на пример, предвидува намалување на повеќето категории расходи за 10 проценти. Без промени ќе останат планираните трошоци за одбрана, за поддршка на земјоделството и исполнувањето на меѓународните обврски на Русија. Исто така ќе бидат исполнувани сите социјални обврски.

Се планира одлагање на реализацијата на дел од новите проекти. Ќе се намалат расходите за поддршка на органите на државната власт, „меѓу другото за сметка на намалување на расходите за исплата на услуги со зголемена комфорност“. Во целина во текот на три години се планира секоја година да се намалуваат расходите во буџетот за пет проценти. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња