Помошникот-државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд ја повика Северноатлантската алијанса да постави командни пунктови и да размести сили за брза интервенција во шест земји во Европа, кои, според неа, се наоѓаат „на линијата на фронтот“.
„Ние треба што побргу да воспоставиме командни центри и центри за контрола во сите шест земји кои се наоѓаат на линијата на фронтот“, изјави Нуланд, а пренесува НТВ, повикувајќи се на агенцијата „Интерфакс“.
Според зборовите на Нуланд, НАТО е одбранбен сојуз, а негова цел е спречување на агресија. Но во исто време, истакнува Нуланд, „ако тоа не успее, треба да се биде подготвен“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.