Министерот за финансии на РФ: ефектот од надворешните шокови за економијата на РФ се проценува на 200 милијарди долари

Ефектот од надворешните шокови за економијата на РФ се проценува на 200 милијарди долари, изјави министерот за финансии Антон Силуанов, говорејќи во Советот на федерацијата. Изјавата ја пренесува ТАСС.

Ефектот од надворешните шокови за економијата на РФ се проценува на 200 милијарди долари, изјави министерот за финансии Антон Силуанов, говорејќи во Советот на федерацијата. Изјавата ја пренесува ТАСС. 

„Ефектот од надворешните шокови за платниот биланс е околу 200 милијарди долари. Во прв ред влијае намалувањето на цената на нафтата, ние почнавме да добиваме помалку странска валута. И сите експерти признаваат дека  таквата ситуација ќе продолжи долгорочно гледано, изјави тој. Брз скок на цените, каков што имаше во 2008-2009 година, нема да се случи.“  

„Цената на нафтата, според оценките на експертите, ќе остане на ниско ниво. Денеска цената е пониска од 50 долари за барел. Сметаме дека во иднина цената ќе расте, но тешко дека цените ќе се вратат на нивото од 100 и повеќе долари за барел, додаде тој. 

Инфлацијата во РФ во дадениов момент се проценува на 12,5%, забележа Силуанов. Тој смета дека има многу различни фактори кои придонесуваат за овој показател, и дека меѓу нив се и девалвацијата на рубљата и ефектот од санкциите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња