„Гаспром“ ги објави роковите за почеток на испорака преку „Турскиот тек“

Првиот гас на територијата на Турција преку новиот цевковод ќе пристигне во декември 2016 година, изјави првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер за време на посетата на Анкара. Како што се истакнува во соопштението на сајтот на компанијата, во турскиот главен град тој се сретнал со министерот за енергија и природни ресурси Танер Јилдиз.

Првиот гас на територијата на Турција преку новиот цевковод ќе пристигне во декември 2016 година, изјави првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер за време на посетата на Анкара. Како што се истакнува во соопштението на сајтот на компанијата, во турскиот главен град тој се сретнал со министерот за енергија и природни ресурси Танер Јилдиз.

Гасот за Европа преку Турција
Рускиот гасен монопол „Гаспром“ им предложи на европските потрошувачи да изградат гасоводи за транспорт на гас од Турција – имено преку оваа земја од 2020 година Русија планира да доставува гас, заобиколувајќи ја Украина. Новиот проект треба да го замени Јужен тек, од кој Русија реши да се откаже поради спорот со Европската комисија.

На разговорите страните ги разгледале клучните прашања за изградбата гасоводот на дното на Црното море. Се истакнува дека капацитетот на четирите линии на гасоводот  ќе изнесува 63 милијарди кубни метри   гориво годишно. „Гасоводот ќе поминува 660 километри по стариот коридор „Јужен тек“ и 250 километри по новиот коридор во правец на европскиот дел на Турција“, се наведува во соопштението. Според Милер, капацитетот на првата линија (15,75 милијарди кубни метри) ќе бидат во целост испорачани на турскиот пазар.

Во компанијата истакнаа дека „Гаспром“ самостојно ќе го реализира морскиот дел од проектот. Притоа капацитетите за транспорт на гасот на територијата на Турција ќе се градат заеднички. Процентот на учество ќе се дефинира во текот на понатамошните преговори. За овластена компанија од турска страна е назначена Botas.

Претходно во јануари Милер изјави дека проектот„Турски тек“ е единствена траса по која во Европа може да се испорачува рускиот гас кој засега транзитира преку Украина. „Други опции нема, - истакна првиот човек на „Гаспром“. – Нашите европски партнери се информирани за ова и сега нивна задача е изградба на неопходната инфраструктура за транспорт на гасот од границите на Турција и Грција.“

Проектот „Турски тек“ беше објавен на 1 декември 2014 година. Москва и Анкара се договорија за изградба на гасоводот на дното на Црното море место „Јужниот тек“, од чија изградба Русија се откажа поради несогласувањето со Европската Унија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња