Европската Унија може да ги прошири „црните листи“ со физички лица и компании од Русија, како и да забрани испорака во земјата на некои видови опрема, меѓу кои и за гасната индустрија. За ова пишува денес, 28 јануари, „Комерсант“ повикувајќи се на извори во структури на ЕУ.
Според информациите на весникот, на средбата на 29 јануари министрите за надворешни работи на ЕУ можат да им предложат на лидерите на земјите-членки на ЕУ преземање такви мерки. Притоа забраната за испорака на опрема за гасната индустрија може да биде воведена без оглед на зависноста на Европа од испораките на руски гас.
„Повеќето земји на ЕУ се солидарни во тоа дека Русија треба да сноси одговорност за сегашната ескалација во Украина. Доколку бидат применети санкции врз гасната индустрија, тогаш тоа ќе биде удар врз „Гаспром“ и неговите активни проекти за развој на епиконтиненталниот појас на Сахалин. Згора на тоа, руските компании немаат технологија за втечнување на големи количини гас и, доколку пристапот до неа биде затворен, иднината на сите планирани ЛНГ-проекти ќе биде загрозена“, истакна еден од изворите на весникот.
Конечна одлука за прашањето на санкциите се очекува да биде донесена на 12 февруари.
Во четврток, 29 јануари, ќе се одржи заседание на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кое ќе се дискутира за прашањето на реакција на ЕУ во однос на ескалацијата на конфликтот во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче