Во изјавата што беше објавена денес Врховната рада на Украина ја прогласи Русија за земја-агресор и ги повика парламентите на другите држави и на меѓународните организации да го следат нејзиниот пример и да го зголемат притисокот врз Руската Федерација. Освен тоа, украинскиот парламент ги прогласи Донецката Народна Република и Луганската Народна Република за терористички организации.
На вонредното заседание што беше одржано денес во Киев за ваквата одлука гласаа 271 од вкупно 289 пратеници на Врховната рада.
Изјавата пред парламентот ја прочита претседателот на комитетот за надворешни работи Ана Гопко. Во неа, меѓу другото, се вели: „Врховната рада ја прогласува Руската Федерација за држава-агресор и ги повикува меѓународните партнери на Украина да не дозволат да останат неказнети злосторствата против човештвото кои се направени од почетокот на руската агресија врз Украина“.
Во изјавата исто така се вели дека Русија го поддржува тероризмот и ја блокира работата на Советот за безбедност на ОН, со што под закана се ставаат меѓународниот мир и безбедноста.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче