Путин вети помош за украинската младина да ја избегне мобилизацијата

Претседателот на Русија Владимир Путин дозволи можност за продолжување на рокот на престој на територијата на Русија за граѓаните на Украина. Како што соопштува РИА Новости, тоа пред сѐ се однесува на лица од 18-27 години способни за воена служба.

Претседателот на Русија Владимир Путин дозволи можност за продолжување на рокот на престој на територијата на Русија за граѓаните на Украина. Како што соопштува РИА Новости, тоа пред сѐ се однесува на лица од 18-27 години способни за воена служба.

„Патем кажано, многу луѓе веќе ја избегнуваат мобилизацијата, се обидуваат да преминат кај нас, да поседат овде некое време. И правилно прават, затоа што нив едноставно ги туркаат натаму, како топовско месо, во оган“, изјави Путин.

Во дадениов момент, како што забележа Путин, рокот за престој на Украинци е ограничен со закон. „Граѓани на Украина не можат да се наоѓаат на територијата на РФ повеќе од 30 дена. Затоа ние, веројатно, ќе смениме нешто околу тоа“, истакна рускиот претседател.

На 20 јануари во Украина стартуваше третиот бран мобилизација. Нејзината прва етапа траеше три месеца. Уште две етапи со траење од по 60 денови според планот треба да поминат во април и јуни. За една година треба да бидат мобилизирани 104 илјади луѓе. На мобилизација подлежат сите мажи на возраст од 18 до 60 години, вклучувајќи и административци. Исклучок се неспособните од здравствени причини, како и студентите, постдипломците, свештениците, родителите на три и повеќе деца и жителите на териториите кои не се под контрола на украинските власти.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња