Претседателот на Русија Владимир Путин порача владата на земјата да се сретне во текот на неделата со пратениците во Државната дума за разгледување на параметрите на антикризниот план. Ова шефот на државата го изјави во понеделникот, 26 јануари, на состанокот за економски прашања, пренесува РИА Новости.
Според зборовите на Путин, предложените норми од економскиот ресор на владата треба пред сѐ да обезбедат социјална стабилност. „Таа цел може да се постигне само во случај да бидат запазени прифатливите параметри во економијата“, забележа шефот на државата откако прецизираше дека станува збор за инфлацијата, степенот на надворешниот долг и зачувувуањето на резервите.
„Сето она со што со право се гордеевме последниве години се нарекува макроекономска стабилност“, истакна Путин. Покрај тоа, претседателот ѝ предложи на владата да размисли за оптимизација на буџетот, аналогно на тоа што беше направено во 2008-2009 година.
„Потребно е на некои полиња да се зголеми финанисрањето, според некои параметри да се види што и можело да се направи во подалечна перспектива. Потребно е уште еднаш да се разгледаат приоритетите“, — добавил глава государства.
На 21 јануари вицепремиерот Игор Шувалов изјави дека за реализација на антикризниот план во Русија се потребни 1,36 трилиони рубли. Тој забележа дека дел од средствата ќе биде издвоен во вид на државни гаранции, дел – од Фондот за национална благосостојба.
На 19 јануари Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави прогноза согласно која руската економија во 2015 година треба да опадне за 4,8 проценти. Во Меѓународниот монетарен фонд очекуваат БДП РФ во тековната година да опадне за 3 проценти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче