Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер во понеделникот на 26 јануари изјави дека не е исклучено Европската Унија да воведе дополнителни рестриктивни мерки против Русија поради трагедијата во Мариупол, пренесува агенцијата „Интерфакс“.
„Нападот или офанзивата која продолжува во правец на Мариупол сведочи за значајна промена на ситуацијата, поради што ние мораме да реагираме“, изјави министерот на прес-конференција во Берлин.
Според зборовите на шефот на дипломатијата на Германија, цел на средбата на министрите за надворешни работи на Европската Унија, која е планирана за четврток, 29 јануари, не е „воведување санкции како такви“, туку „спречување на нападите“ и постигнување траен прекин на огнот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче