Песков го нарече притисокот врз Русија „економска уцена“

Прес-секретарот на претседателот на Русија Дмитриј Песков реагираше на заканата за воведување нови санкции против земјата, пренесува ТАСС.

Прес-секретарот на претседателот на Русија Дмитриј Песков реагираше на заканата за воведување нови санкции против земјата, пренесува ТАСС.

„Место да го засилат притисокот врз оние кои одбиваат дијалог и решавање на конфликтот по мирен пат, ние слушаме за обнова на економската уцена на адреса на Русија“, забележа тој.

Според претставникот на Кремљ, обновувањето на заканите на адреса на Русија на планот на засилување на економскиот притисок, меѓу другото и на исклучување на земјата од банкарскиот систем SWIFT „е апсолутно деструктивна, со ништо неоправдана и, во крајна мера, избрзана политика“. „Русија никогаш не се согласувала со таквите закани особено што тие закани и таквата уцена никогаш не доведувале и нема да доведат до тоа Русија под тој притисок да ја менува својата конзистентна и добро позната позиција“, истакна тој. 

Прашањето за исклучување на Русија од системот SWIFT водново се појави по трагедијата во Мариупол, каде во текот на масовното артилериско гранатирање загинаа 30 луѓе, известува весникот „Комерсант“. Во врска со ова, ЕУ и САД изјавија за можно заострување на санкциите против Русија.

Првпат Европскиот парламент ги повика земјите на ЕУ да ја разгледаат можноста за исклучување на Русија од системот SWIFT на 18 септември 2014 година. Во октомври асоцијацијата на светските меѓубанкарски финансиски комуникации  SWIFT излезе со официјално соопштение во кое се зборува за одбивањето да се исклучи Русија, а и Израел, од сервисите, без оглед  притисокот од страна на политичките кругови во САД и ЕУ.

Во саботата на 24 јануари потпретседателот на САД Џозеф Бајден и претседателот на Украина Петро Порошенко во текот на телефонскиот разговор се договорија да бараат заострување на санкциите против Русија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.