Препораката на летонските власти до населението на оваа земја на работните места да разговараат исклучително на летонски јазик ја потврдува политиката на дискриминација на малцинското, пред сѐ руско население, која одамна се спроведува во оваа поранешна советска република. Ова го изјави официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на РФ Александар Лукашевич.
„Иако, судејќи по изјавите од Рига, не се работи за строг пропис туку само за „препораки“, целта е повеќе од очигледна“, додаде тој.
„Овој и сличните „повици“ на државните органи на Република Летонија внесуваат поделба во општеството и се во спротивност со многубројните препораки на меѓународните институции кои се занимаваат со правата на малцинствата да го чуваат и развиваат својот јазик“, нагласи Лукашевич.
44% од населението на Летонија зборува руски. Во земјата постои само еден државен јазик - летонски, додека рускиот има статус на странски јазик.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче