Хакери украдоа имиња на сметки и лозинки на повеќе од 20 милиони корисници на еден од сајтовите за запознавање. Околу половина од неговите посетители се жители на Русија, известува агенцијата Bloomberg.
Престапниците можат да ги искористат добиените податоци за неказнет пристап до важни кориснички информации, на пример, до банкарски сметки, предупредува Даниел Ингевалдсон, одговорен во компанијата Easy Solutions Inc. за откривање на измамнички софтверски схеми.
Се покажа дека украдените податоци се објавени за продажба на специјален сајт. Освент тоа, се знае дека оштетените корисници искористиле околу 345 илјади различни имиња на домени. На пример, 7 милиони од нив користат Hotmail.com, 2,5 милиони - Yahoo.com и уште 2,3 милиони - Gmail.com.
„Тоа не се податоци од кредитни картички, но сепак тоа е криминал од прв степен“, - соопшти Ингевалдсон. Според него, ваквите информации врзо се распродаваат меѓу измамниците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче