Советот за безбедност на ООН не успеа да ја усогласи нацрт-изјавата по повод гранатирањето на станбените реони во украинскиот Мариупољ, известува ТАСС повикувајќи се на прес-службата на претставништвото на Русија во ООН.
„Не се успеа да се постигне консензус затоа што делегацијата на Велика Британија инсистираше Советот да осуди некои изјави на борците“, објаснија во постојаното претставништво.
Претходно Велика Британија им даде на дипломатите за разгледување нацрт-изјава. Состанокот на Советот за безбедност по повод последните настани беше планиран за 26 јануари.
Вчера, на 24 јануари, по гранатирањето на Мариупољ, загинаа околу 30 лица. Двете завојувани страни ја отфрлаат одговорноста и ја обвинуваат спротивната страна за гранатирањето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче