САД и НАТО побараа од Русија да ја запре поддршката за бунтовниците

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги обвини бунтовниците на истокот на Украина за прекршување на примирјето и гранатирањето на Мариупољ, а Русија – за поддршка на самопрогласените Донецка и Луганска народна република. Оваа изјава, како што соопштува прес-центарот на НАТО, Столтенберг ја дал во саботата на 24 јануари, во текот на средбата со министерот за одбрана на Чешка Мартин Стропницки.

„Борбените дејствија на истокот на Украина нагло се заострија по почетокот на големата офанзива на проруските сепаратисти во редица реони на Донецката и Луганската област, како и во областа на градот Мариупољ. Тоа е наполно игнорирање на режимот за прекин на огнот“, изјави генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг изјави дека НАТО наводно во текот на неколку месеци забележувало присуство на руска војска на истокот на Украина. РФ, според неговото тврдење, ја поддржува офанзивата на бунтовниците со помош на системи за наведување и контрола, со најнови системи за ПВО, беспилотни летала, реактивни системи за плотунски оган и средства за радиоелектронска борба. Во Москва ги отфрлаат сите обвинувања на своја адреса.

Џон Кери, државниот секретар на САД, смета дека одговорноста за гранатирањето на Мариупољ лежи врз бунтовниците, известува РИА Новости. Тој ја повика Русија да ја запре поддршката за самопрогласените републики откако вети дека ќе го зголеми притисокот врз Москва. 

Од своја страна, шефот на мисијата на Украина во НАТО Игор Долгов иницираше пред Генералниот секретар на НАТО повик за итна седница на Комисијата Украина-НАТО за разгледување на ситуацијата и понатамошни дејства во врска со трагичните настани во Мариупољ. Се очекува седницата да се одржи веќе на 26 јануари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.