Путин порача да се направат книгите подостапни за населението

Органите на извршната власт во регионите на Русија добија препорака да се зголеми достапноста на книгите и печатената продукција за населението. Оваа задача се содржи во списокот наредби кои претседателот на Русија Владимир Путин ги потпиша по завршувањето на заедничката седница на Државниот совет и Советот за култура и уметност на претседателот, како што соопштува „Интерфакс“.

Пушкин, Гогољ и Ахматова симболи на 2015
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ја прогласи 2015 година за Година на литературата во Русија.

Владата на Русија заедно со администрацијата на претседателот кон крајот на мај добија задача да презентираат проект за стратегија на државната културна политика и предлози за подобрување на системот за менаџирање во оваа сфера. Како одговорен за работата Путин го назначи премиерот на Русија Дмитриј Медведев и советникот на шефот на државата за прашања од културата Владимир Толстој.

Освен тоа, владата до мај 2015 година доби задача да донесе мерки насочени кон „одржување на системот за непрекинато (од 1 до 11 одделение) професионално образование во сферата на уметностите во општообразовните организации.“

Исто така на списокот има задача да се обезбеди координација на манифестациите посветени на празнувањето на 175-годишнината од раѓањето на П. И. Чајковски и XV меѓународен натпревар „Чајковски“. Рокот за исполнување на задачите е до 1 март оваа година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња