Поранешниот премиер на Полска Лешек Милер остро го критикуваше одбивањето на својата земја да го покани претседателот на РФ Владимир Путин на свеченоста по повод прославата на 70 години од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц од страна на Црвената армије, пренесува ТАСС.
Според зборовите на Милер, Полска на тој начин пропуштила шанса да организира средба на рускиот и украинскиоте претседател на која би се разгледале можностите за постигнување мирно решение на ситуацијата во Украина.
Политичарот исто така го осуди министерот за надворешни работи на Полска Гжегож Схетина, кој пред неколку денови изјави дека Аушвиц го ослободиле Украинци.
Сета таа антируска фобија ги тера полските политичари на неразбирливи и инфантилни чекори. "Тоа е многу опасно за нашата земја, особено за развојот на нормални трговски односи“, истакна Милер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче