Лавров ги повика САД да влијаат врз Киев

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров имаше телефонски разговор со државниот секретар на САД Џон Кери за ситуацијата во Украина. Како што е објавено на сајтот на МНР на Русија, разговорот се одржа по иницијатива на американската страна.

Во текот на разговорот шефот на руската дипломатија го повика Киев да влијае врз Киев, „за да се откажат од влогот за воено сценарио“. Лавров исто така ја потврди подготвеноста на Русија да направи сѐ што зависи од неа за мирно решавање на конфликтот во Донбас.  

Покрај тоа, тој изјави дека „реални резултати можат да бидат постигнати исклучително преку директен дијалог со Донецк и Луганск, кој Киев на секој начин го избегнува, откако очигледно го одбра патот за насилно задушување на југоистокот на Украина.“

Претходно претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека Киев во врска со ескалацијата на конфликтот во Донбас има намера да го истакне прашањето за зголемување на притисокот врз Русија на средбата на министрите на МНР на земјите-членки на ЕУ. Се очекува средбата да се одржи на 26 јануари. Претседателот на САД Барак Обама исто така се заложи притисокот врз Русија од страна на Западот да не престане. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња