Сорос ја нарече Русија „мафијашка држава“

Американскиот финансиер и милијардер Џорџ Сорос изјави на меѓународниот економски форум во Давос дека Русија „стана мафијашка држава“. „Во неа [Русија] елитата ги користи државните ресурси за лично богатење и опстанок на власт“, ги пренесува неговите зборови The Wall Street Journal.

Според него, Русија со своите акции во Украина се обидува да стане „стратешки ривал на Европската Унија“, со тоа што место европско „владеење на правото“ Русија како алтернатива нуди „владеење на силата“. Сорос ги опомена европските лидери дека не ја сфаќаат доволно сериозно опасноста која им се заканува од Русија.

Затоа Сорос ја искористи можноста да го повика светот финансиски да ѝ помогне на Украина, затоа што од нејзината иднина зависи и „иднината на самата Европска Унија“. Што се однесува до Русија, Сорос прогнозира дека таа не може да избегне банкрот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.