Православниот војнички хор сними песни на странски јазици

Православниот војнички хор „За верата и татковината“ објави нов албум во кој се вклучени, покрај другите, и религиозни пеења на неколку европски јазици. Ваква информација на прес-службата на Западниот воен округ на РФ е истакната на сајтот на Министерството за одбрана.

Официјалната презентација на новиот албум се одржа во концертната сала на Московската државна академија за воден транспорт. Албумот се вика „Јас ѝ служам на Русија“. Во него влегуваат 32 композиции – воено-патриотски песни и религиозни пеења.

Православниот војнички хор на инженеријата беше основан од игуменот Варнава (Столбиков) во 1993 година во Свјато-Смоленската Зосимова пустина (Владимирска област). Хорот се состои од војници-регрути, кои го отслужуваат воениот рок во единицата 42754 која се наоѓа во близина на манастирот. Составот на хорот во целост се менуваше секои 2 години, а од  2008 година се обновува секоја година, се истакнува на страницата на хорот на социјалната мрежа „Вконтакте“. Репертоарот на војничкиот хор  се состои од духовна музика, воени маршеви и руски народни песни.

Членовите на хорот беа на турнеја во Шпанија, Италија, Франција и Грција. За секоја земја тие подготвуваа музички подарок – песна на јазикот на земјата-домаќин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња