Грузија: Договорот на Русија со Абхазија е чекор кон анексија

Министерството за надворешни работи на Грузија ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Русија во врска со ратификацијата на договорот меѓу Русија и Абхазија од страна на Државната дума на РФ. „Овој потег на Кремљ претставува чекор кон анексија на неотуѓив дел на Грузија, со што Руската Федерација ги крши меѓународните обврски, помеѓу другото и договорот за прекин на огнот од 12 август 2008“, се наведува во соопштението на МНР на Грузија, а го пренесува Руската служба на BBC.

МНР на Грузија истакнува дека Абхазија, како дел од Грузија, не може да истапува како независен субјект во меѓународното право. Какви било обиди за склучување договори со самопрогласената република не можат да имаат никакви правни последици и ги кршат нормите на меѓународното право, смета МНР на Грузија. Министерството исто така ја повикува меѓународната заедница да изрази соодветна правна и политичка оцена на потегот на Москва и да „изврши притисок врз Руската Федерација“. 

МНР на Руската Федерација претходно соопшти дека за влегување на Јужна Осетија и Абхазија во состав на РФ не може да стане ни збор. 

Државната дума на РФ во петокот на 23 јануари го ратификува договорот за соработка и стратешко партнерство меѓу Русија и Абхазија, кој на 24 ноември  2014 година го потпишаа претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Абхазија Раул Хаџимба. Договорот предвидува спроведување усогласена надворешна политика и формирање заеднички простор за одбрана и безбедност. Меѓу другото, планирано е и формирање заедничка воена единица со одбранбени цели, како и вршење заеднички дејства во зоната на границата меѓу Грузија и Абхазија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња