27 руски банки ќе добијат државна поддршка

Агенцијата за осигурување на влоговите (АСВ) одбра 27 банки кои ќе можат да сметаат на финансиска поддршка од страна на државата, известува „Прајм“. Ова го изјави министерот за финансии на РФ Антон Силуанов.

Агенцијата за осигурување на влоговите (АСВ) одбра 27 банки кои ќе можат да сметаат на финансиска поддршка од страна на државата, известува „Прајм“. Ова го изјави министерот за финансии на РФ Антон Силуанов.

„Советот на директори на АСВ утврди список од 27 банков на кои ќе им биде понудена можност за капитализација за обврзници од федералниот заем “ -  истакна првиот човек на Министерството за финансии. — Оваа листа ќе ѝ биде презентирана на владата.“

АСВ ги определи и конкретните обеми на финансиска поддршка за секоја банка. Тие средства исто така ќе треба да бидат потврдени од владата.

На 27 декември 2014 година претседателот на РФ Владимир Путин го потпиша законот за одвојување средства за докапитализација на банки во износ од еден трилион рубли. Оваа сума е еднаква на околу 15 проценти од севкупниот капитал на банкарскиот систем на Русија.

Според премиерот на РФ Дмитриј Медведев, докапитализацијата треба да ја зацврсти стабилноста на банкарскиот систем, да ги зголеми обемите на кредитирање на реалниот сектор од страна на банките и да ги заштити интересите на инвеститорите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња