Шувалов: политичарите немаат можност за брзо решавање на украинската криза

Политичарите немаат можност за брзо решавање на украинската криза, изјави првиот вицепремиер на РФ Игор Шувалов, настапувајќи на појадокот на Сбербанк во рамките на Светскиот економски форум во Давос.

Истовремено Шувалов забележа дека гледа на иднината со определен оптимизам. „Мислам дека порано или подоцна, во секој случај инвеститорите, дури и при сите негативни сигнали што ги добиваат, ќе гледаат реална полза, смета тој. – На ниеден бизнис не можеш да му наредиш да инвестира или да не инвестира ако тоа донесе добивка.“ 

Според зборовите на првиот вицепремиер, Русија го проучува искуството од развојот на други земји во услови на санкции. „Ние гледавме како под санкции се развиваше Јужноафриканската република, како во сложени услови се развиваше Чиле,“ напомена Шувалов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња