Официјалниот курс на еврото според Централната банка за 24 јануари изнесува 71,91 рубли. Тој се намали за 3,86 рубли. Курсот на доларот падна за 2 рубли, на 63,39. Оваа информација се наоѓа на сајтот на регулаторот. Курсот ќе важи заклучно со 26 јануари.
Притоа во текот на операциите на Московската берза доларот ќе чини 64,08 рубли, еврото - 72,04.
Претходно, на 23 јануари рубљата почна да се фиксира за доларот и еврото како резултат на покачувањето на цената на нафтата кое се случува по веста за смртта на кралот на Саудиска Арабија Абдула. Во 14:08 по московско време нафтата од марката Brent на лондонската берза ICE чинеше 49,43 долари за барел.
На 16 декември 2014 година Централната банка ја зголеми каматната стапка 10,5 на 17 проценти. Иститот ден на Московската берза доларот изнесуваше над 100 рубли, доларот - 80.
На 10 ноември Централната банка соопшти за преминување на флуктуирачки курс на рубљата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче