Извозот на германски стоки во Русија се намали за 6 милијарди евра

Извозот на германски стоки во Русија поради воведените санкции од страна на ЕУ и одговорот на нив од страна на РФ се намали за 6 милијарди евра. Овие податоци ги наведе претседателот на Источниот комитет на германската економија Екхарт Кордес, соопштува Rheinische Post.

Според него, ваквиот пад на германскиот извоз во Русија може да доведе до укинување на 60 илјади работни места во германската економија. Притоа Екхарт Кордес прогнозира дека во 2015 година ситуацијата може да се влоши. Експертот забележа дека извозот на германските стоки во Русија во 2014 година се намали за 18 проценти.

Источниот комитет на германската економија е влијателна организација која ги претставува интересите на германските компании кои се занимаваат со бизнис на постсоветските простори и во Источна Европа.

На 7 август минатата година, како одговор на санкциите воведени против Русија, владата на РФ забрани увоз на говедско месо, свинско месо, овошје, живина, сирења и млеко од земјите на ЕУ, САД, Австралија, Канада и Норвешка. Забраните беа воведени со рок од 1 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња