Резервите на Русија се намалија за 7 милијарди долари за една недела

За една недела (9- 16 јануари) резервите во злато на Русија се намалија за 6,8 милијарди долари - на 379,4 милијарди. Оваа информација се содржи во материјалите на Централната банка.

За една недела (9- 16 јануари) резервите во злато на Русија се намалија за 6,8 милијарди долари - на 379,4 милијарди. Оваа информација се содржи во материјалите на Централната банка.

Според резултатите од декември 2014 година резервите во злато на РФ опаднаа за 33,42 милијарди долари. На 25 декември ЦБ објасни дека тие се намалуваат поради издавањето на валутни кредити на банките. Претставник на регулаторите тогаш изјавуваше дека парите се даваат за девизни РЕПО-аукции, како и за операции за „девизна замена“. Овие средства ќе се вратат во резервите, затоа што беа дадени на реципрочна база, објаснија во ЦБ. Покрај тоа, за намалување на резервите влијаеше и девизната ревалоризација поради зајакнувањето на доларот во однос на еврото.

Претходно, на 23 декември, се објави дека резервите во злато на Русија пораснаа во ноември за 19 тони. Тие достигнаа 1187,5 тони – максималниот показател за последните 20 години.

Меѓународните резерви се високоликвидни странски активи со кои располагаат Банката на Русија и владата. Тие се состојат од странска валута, специјални права за позајмување, резервна позиција во ММФ и резерви во злато. Централната банка ги користи резервите во злато, меѓу другото, и за интервенции кои претставуваат инструмент за одржување на курсот на рубљата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.