Лавров ги нарече богохулие зборовите на шефот на МНР на Полска за Аушвиц и Украинците

Лавров ги окарактеризира како „богохулие“ изјавите на шефот на МНР на Полска Гжегож Схетина дека логорот Аушвиц и бил ослободен од украински војници. Ова го пренесе РИА Новости.

Лавров ги окарактеризира како „богохулие“ изјавите на шефот на МНР на Полска Гжегож Схетина дека логорот Аушвиц и бил ослободен од украински војници. Ова го пренесе РИА Новости.

„Изјавата на полскиот министер дека Аушвиц го ослободиле Укранинци – дури не можам ни да ја коментирам. Аушвиц го ослободи Црвената Армија. Во неа имаше Руси, Украинци, Чечени, Грузијци, Татари“, подвлече Лавров по завршувањето на средбата на „Нормандиската четворка“ во Берлин. Министерот додаде дека „обидите да се игра на некакви националистички чувства во оваа ситуација се апсолутно богохулни и цинични“.

МНР на Русија изјави дека  е „тешко да се сомневате дека државен службеник на тоа ниво како Схетина е неписмен. Сметаме дека треба да се престане со понижување на историјата и во антируската хистерија да се дојде до непочитување на сеќавањето за оние кои не си ги жалеа животите за ослободување на Европа“, истакнаа во министерството.

Претходно Схетина во интервју за „Полско радио“ изјави дека концентрациониот логор во Аушвиц го ослободиле Украинци.  На изјавите на шефот на полското МНР реагираше претставникот на Русија во ООН Виталиј Чуркин. Според него, „како и сите други делови на Црвената Армија, фронтот што го ослободи Аушвиц беше мултиетнички“, објасни тој на конференцијата на ООН. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња