Кина ќе гради железница од Пекинг до Москва

Кина ќе изгради супербрза железница која ќе го поврзува Пекинг со Москва и која ќе чини 1,5 трилион јуани (242 милијарди долари). Ова го пренесува Bloomberg повикувајќи се на изјава на властите на социјалната мрежа Weibo.

Се претпоставува дека вкупната должина на железницата ќе изнесува седум илјади километри. Таа ќе минува низ Казахстан, а ќе се патува два дена.  

Агенцијата го истакнува фактот дека Кина промовира на меѓународниот пазар свои супер брзи технологии на полето на изградба на железници користејќи го влошувањето на односите меѓу Русија, Европа и САД и обидите на руската економија да се справи со паѓањето на цените на нафтата.

Во октомври 2014 година Министерството за транспорт на Русија, РЖД, државниот комитет на Кина за развој и реформа, како и корпорацијата „Кинески железници“ (China Railway Construction Corporation) потпишаа меморандум за меѓусебно разбирање на полето на железничкиот сообраќај. РЖД изјави дека целта на документот е разработка на проектот за Евроазиски супербрз транспортен коридор Москва — Пекинг кој ќе ја вклучува и магистралата Москва – Казањ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.