Истражниот комитет на Русија отвори кривична истрага за гранатирањето на постојката во Донецк

Истражниот комитет на Русија отвори кривична истрага за убиството на цивилите во текот на гранатирањето на Донецк, соопшти официјалниот претставник на институцијата Владимир Маркин.
Примирјето во Донбас заврши со војна
Во средината на јануари примирјето на југоистокот на Украина е практично прекинато.

Истражниот комитет на Русија отвори кривична истрага за убиството на цивилите во текот на гранатирањето на Донецк, соопшти официјалниот претставник на институцијата Владимир Маркин.

„Врз основа на претходно добиени податоци што ги има истрагата во својство на приоритет се проверува верзијата за учество во ова злосторство на припадници на украинската армија и Националната гарда на Украина“, изјави Маркин. Тој додаде дека конечни заклучоци можат да се извлечат по завршувањето на истрагата. 

Властите на Украина го негираат своето учество во гранатирањето на тролејбуската постојка во Донецк кога според првичните податоци загинаа 13 луѓе. Ова го изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Украина Андреј Лисенко.   Според негово мислење, гранатирањето „било извршено од подвижен минофрлач“. 

Во Донецк се запираат сите транспортни средства за проверка. Особено се бара минибус за кој постојат сомневања дека од него се вршело гранатирањето со „подвижниот минофрлач“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.