Обама: Големите земји не смеат да ги заплашуваат малите.

Американскиот претседател Барак Обама во годинешното обраќање до нацијата рече дека Америка покажа сила и дека успешно ги брани своите позиции во светот. „Спротивставувајќи се на руската агресија, поддржувајќи ја демократијата во Украина и давајќи гаранции за сојузниците во НАТО, ние го поддржуваме принципот според кој големите земји не смеат да ги заплашуваат малите“, изјави Обама, а пренесува агенцијата „Интерфакс“.

Претседателот на САД изјави дека Вашингтон и неговите сојузници успеале да ја изолираат Русија и дека руската економија е „во парампарче“. „Минатата година додека заедно со нашите сојузници напорно работевме на воведување на санкциите, зголемување на присуството  во земјите во близина на границата на НАТО, некои изјавуваа дека агресијата на господин Путин е пример за мајсторство во демонстрација на сила и стратешка вештина.“, изјави Обама.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.