Лавров: НАТО го одбра патот на конфронтација со Русија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров смета дека НАТО го одбра патот на конфронтација со Русија откако ги прекина контактите со Русија, пренесува РИА „Новости“. Тој го изјави ова во текот на прес-конференцијата посветена на сумирањето на резултатите на руската дипломатија во 2014 година.

„НАТО, сѐ на сѐ, го одбра патот на конфронтација. Брзината со која НАТО ги прекина сите контакти со Русија и на тој начин ги замрзна, во суштина, бројните проекти во рамките на Советот Русија-НАТО, проекти кои кои беа во склад со меѓусебните интереси, покажува дека менталитетот на Студената војна и понатаму опстојува во главите на нашите партнери“, истакна шефот на руската дипломатија. 

Лавров исто така ја прокоментира изјавата на Барак Обама во рамките на годинешното обраќање до нацијата за тоа дека Вашингтон успеа да ја изолира Русија и да ја направи нејзината економија парампарче. „Американците сакаат судир, апсолутно некритички се однесуваат спрема сопствените потези, а вчерашните изјави на претседателот Обама покажуваат дека во центарот на нивната филозофија стои само „ние сме број еден“. И дека  сите останати треба да го сфатат тоа. Тоа е малку застарено и не одговара на современата реалност. Покажува дека Америка сепак сака да доминира, а не да биде дури ни прва меѓу еднаквите. Нивната надворешнополитичка филозофија е агресивна“, изјави Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња