Краснојарските научници ја синтетизираа најмалата светлечка биомолекула на светот

Краснојарските биофизичари ја синтетизираа најмалата на светот светлечка молекула на луцифераза од морско ракче Metridia longa. Резултатите од своите истражувања научниците ги објавија во списанието Biochemical and Biophysical Research Communications, а накратко за нив пишува и на сајтот на Сибирскиот дфедерален универзитет (СФУ).

Краснојарските биофизичари ја синтетизираа најмалата на светот светлечка молекула на луцифераза од морско ракче Metridia longa. Резултатите од своите истражувања научниците ги објавија во списанието Biochemical and Biophysical Research Communications, а накратко за нив пишува и на сајтот на Сибирскиот федерален универзитет (СФУ).

„Наведената луцифераза се покажа како најмала по големина од сите познати досега и се покажа дека протеинот поседува извонредно висока активност и екстремна термостабилност“, изјави Марина Ларионова, постдипломец на СФУ и еден од коавторите на трудот.

Научниците успеаја да го изолираат протеинот откако го ставија генот на луциферазата во вирус, кој подоцна беше ставен во клетка на гасеница. Самиот ген на протеинот беше идентификуван од научниците пред неколку години во текот на истражувањата вршени во Институтот за биофизика на Сибирското одделение на Руската академија на науки.

Протеинот на луциферазата го испуштаат морските ракови во морската вода кога се бранат од грабливци. Тој е одговорен за светењето на морските ракообразни животни. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња