Наришкин: Ако ѝ се одземе правото на глас повторно, Русија ќе го напушти ПССЕ

Во април 2014 на Русија ѝ беше одземено правото на глас поради приклучувањето на Крим, а ѝ беше забрането и да учествува во набљудувачките мисии и во раководните структури на ПССЕ.

Ако на зимското заседание на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на Русија повторно ѝ бидат одземени овластувањата, руската делегација би можела да се откаже од учеството во работата на организацијата, изјави за новинарите претседателот на Државната дума на Русија Сергеј Наришкин, а пренесува „Росијска газета“.

Во април 2014 на Русија ѝ беше одземено правото на глас поради приклучувањето на Крим, а ѝ беше забрането и да учествува во набљудувачките мисии и во раководните структури на ПССЕ. Руската делегација во знак на протест го напушти заседавањето и одби да учествува во работата на Советот до крајот на годината.

Претседателката на ПССР Ан Брасер претходно изјави дека на првото (јануарско) заседание „руската делегација веројатно повторно ќе го добие правото на глас“: Меѓутоа на 18 јануари во медиумите се појави информација дека постои можност да не дојде до тоа. Холандија, наводно, подготвува резолуција за одземање на сите овластувања на руската делегација во Парламентарното собрание.

Коментирајќи го ова, Сергеј Наришкин изјави дека „верува во здравиот разум кај европските пратеници кои работат во рамките на Собранието“. „Но, ако се донесе друг став, се сомневам дека има смисла да ја продолжиме работата во 2015 во ПССЕ“ додаде претседателот на Државната дума на РФ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња