Државите на ЕУ треба да ја продолжат политиката на санкции и притисок вр Русија, изјави шефот на МНР на Велика Британија Филип Хамонд, пренесувајќи го мислењето на министрите за надворешни работи на Европската унија.
„Шефовите на дипломатиите на ЕУ потврдија дека треба да продолжиме со санкциите против Русија сѐ додека таа не го регулира прашањето околу Украина. ЕУ треба да го задржи тој курс“, напиша Хамонд во својот профил на Твитер.
Односите меѓу Русија и Западот во 2014 се влошија поради ситуацијата во Украина. Кон крајот на јули ЕУ и САД воведоа санкции против физички и правни лица, како и против цели сектори во руската економија. Како договор на тоа, Русија го ограничи увозот на одредени производи од државите кои воведоа санкции против неа.
Русија повеќепати изјавува дека нема да разговара на јазикот на ултиматуми. РФ повеќепати изјавува дека не учествува во случувањата на југоистокот на Украина и дека е заинтересирана Украина што побрзо да ја реши економската и политичката криза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче