И покрај сите проблеми во односите меѓу Европската унија и Русија поради ситуацијата во Украина, има области во кои ЕУ треба да соработува со Москва, макар и во ограничен формат, изјави шефот на МНР на Чешка Лубомир Заоралек по средбата со раководителите на дипломатските претставништва на ЕУ во Брисел.
„Европската унија во својата долгорочна стратегија треба да биде подготвена за периодот кога Москва нема да повеќе да сака да соработува. Но, и покрај заладувањето на односите меѓу нас поради ситуацијата во Украина, има области во кои ЕУ не треба да замине од соработката со Москва, макар и во ограничен формат“, изјави Заоралек.
Овде министерот ја спомна војната во Сирија, иранската нуклеарна програма, борбата со „Исламската држава“, како и разговорите за подготовките околу конференцијата посветена на климата во Париз.
Важна улога, според зборовите на Заоралек, игра и продолжувањето на контактите во сферата на културата, соработката меѓу универзитетите и научните институции. „Ние не сакаме да ја изолираме Русија“, подвлече тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче