Медиуми: триаголникот Русија-Индија-Кина ќе ја прекине хегемонијата на САД

Партнерството меѓу Русија, Кина и Индија ќе го промени политичкиот баланс во сета Азија, но и ќе ги смести САД на втор план, пишува српскиот весник.

Сојузот меѓу Русија, Кина и Индија може да ги смести САД на втор план во светот, како и да влијае врз политичкиот биланс во сета Азија, пишува In Serbia.

Весникот забележува дека во полесните неколку години „политичката карта“ се променила. Русија, Кина и Индија можат со заеднички напори да станат лидери и да го променат „светскиот поредок“, како и да се спротивстават на американската хегемонија.

Според мислењето на In Serbia, неколкуте билатералните договори кои Москва, Пекинг и Делхи ги потпишаа во декември 2014 година претставуваат „гигантски чекор“ кон трансформација на еднополарниот свет во многуполарен. А санкциите, воведени од САД против Русија, само ја приближија Русија кон Кина и Индија.

Весникот ги пренесува зборовите на директорот на италијанскиот Институт за перспективни истражувања во геополитиката Франческо Брунело Зенити, кој смета дека новиот приод на Москва кон двете азиски држави може да се смета како вектор во новиот многуполарен светски поредок. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња