Премиерот на Украина Арсениј Јацењук тврди дека Киев располага со докази за навлегување на руски воени сили на територијата на Украина, пренесува агенцијата „Интерфакс“.
„Украина и целата меѓународна заедница имаат неоспорни докази за преминување на воена сила и техника од Русија во Украина. Сега разговарав со секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана. Украинската воена разузнавачка служба го потврдува фактот дека од територијата на Русија на територијата на Украина се префрла жива сила и техника“, истакна Јацењук.
Освен тоа, Јацењук истакна дека се работи за техника која припаѓа на Министерството за одбрана на Русија.
Претходно Службата за национална безбедност и одбрана изјави дека границата помеѓу Русија и Украина ја преминале два баталјона на Вооружените сили на Русија. Покасно претставниците на Донецката Народна Република го демантираа ова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.