Германски историчар: Аушвиц е ослободен од СССР, а не од Полска, Западот или НАТО

Да се празнува 70-годишнината од ослободувањето на Аушвиц, а да не се поканат претставници од Русија - е навредливо не само за оние кои загинаа во процесот, туку е и политички неодговорно, смета историчарот Гец Али. Молчењето на Германија по ова прашање тој гој смета за „одвратно“.

Да не се поканат претставници од Русија на јубилејот по повод ослободувањето на Аушвиц - е неразумно не нечувствително, пишува германскиот историчар Гец Али во статија објавена во Berliner Zeitung.

„Аушвиц е ослободен не од Полска, не од ’Западот“, не од НАТО, туку од советските вооружени сили. Затоа празнувањето на 70-годишнината од ослободувањето на Аушвиц без претставници од Русија е нечувствително и политички неодговорно“, пишува тој.

Одговорноста за овој пропуст лежи врз полските власти, но и однесувањето на Германија околу ова прашање поставува многу прашалници, смета Али.

„Германската канцеларка се однесува како да нема никаква врска со ова. Очигледно е дека таа смета дека на 27 јануари во Аушвиц претседателот Гаук ќе истапи во улога на „добриот“ и ќе зборува за вредностите и историската одговорност, додека Русите ќе бидат претставени како „лошите“ и треба да си седат дома. Чудно? Не. Одвратно!“, пишува историчарот.

Али напомнува дека во советската армија се бореле околу 500.000 Евреои, од кои 200.000 загинаа во борбите или откако биле заробени од Германците. Како заклучок историчарот додава дека на 27 јануари, откако во борбата за освојување на Аушвиц загинале околу 200 советски војници, во логорот се слушнале крици на среќа и извици: „Русите се овде!“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња