Претседателот на Комитетот во Државната дума за прашања околу Заедницата на независни држави, европска интеграција и соработка со сонародниците Леонид Слуцки изјави дека САД со помош на Киев се обидуваат да ги поткопаат преговорите меѓу Русија и Европската унија, пренесува „Газета.ру“.
„Тоа е подготвено да се случи пред одржувањето на преговорите во Советот на ЕУ, Парламентарното собрание на Советот на Европа, пред средбата на ’нормандската четворка’ во јануари во Астана“, изјави Слуцки и додаде: „Киевските власти во овој случај се оружје за да се спречи нормализацијата на односите меѓу Русија и Европа“.
Според зборовите на Слуцки, претседателот на Украина Петро Порошенко не е самостојна фигура во процесот на решавање на конфликтот во југоистокот на земјата. „Одовде и негативната реакција на предлогот на претседателот Владимир Путин околу планот за повлекување на тешката артилерија“, истакна тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче