Аналитичар од САД: „јаките дечки“ во Вашингтон се заиграа со санкциите

„Војната на санкции“ против Русија, иницирана од САД, може да даде непредвиден ефект. Тие можат да ја нарушат стабилноста во целиот свет, смета независниот американски политиколог.

Американската политичка елита ретко се замислува за последиците од своите дејства, особено кон Русија, пишува независниот политички аналитичар Џонатан Маршал во својата статија во Consortiumnews.

Напорите на САД за провоцирање политички и економски хаос во Русија - е премногу опасна стратегија, предупредува авторот.

Дури и ако целта биде постигната и ѝ биде нанесен сериозен удар на економијата на Русија, значи ли тоа дека ќе биде постигнат посакуваниот резултат? Русија не е Куба или Северна Кореја, па ако се појават сериозни економски катаклизми во неа, тие можат да се рефлектираат и на сета Европа, пишува Маршал.

„Проблемите на Русија - се лоши и за Русија, и за нас. Во современиот свет сѐ е замено поврзано, и како резултат ние ќе добиеме стратешки реверс - ќе ни се врати сето посеано зло. Економските проблеми во моќните држави како Русија и Кина можат да предизвикаат нестабилност во целиот свет“, пишува авторот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња