Политиколози: војната продолжува бидејќи Киев чувствува дека нема да биде казнет

Политиколозите сметаат дека воените дејства во Украина наскоро ќе продолжат, бидејќи Киев чувствува дека нема да биде казнет од Западот.

Воените дејства на југоистокот на Украина ќе продолжат, бидејќи Киев чувствува дека нема да биде казнет од Западот, иако за регулирање на конфликтот потребен е реален прекин на огнот и донесување политичко решение кое ќе биде прифатливо за сите страни, сметаат политиколозите кои се анкетирани од РИА Новости.

Властите на Украина во април во Донбас започнаа борбена операција против незадоволните жители во регионот поради случувањата од февруарскиот државен преврат. Според податоците на ООН, повеќе од 4.700 лица загинале од почетокот на борбите, а повеќе од 10.000 се повредени. Утрото на 9 декември во Донбас започна примирје усогласено меѓу Киев, ОБСЕ и борците од Донбас.

Во неделата претседателот на Русија Владимир Путин во порака до украинскиот лидер Петро Порошенко изјави дека случувањата на истокот на Украина го ставаат во опасност процесот за мирно регулирање на ситуацијата, поради што Русија е подготвена заедно со ОБСЕ да организира контрола и прекин на огнот во Донбас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња