Русија има доволно „карти под ракав“ за да ја одигра геополитичката игра на начин на кој политичките и економските структури на Западниот свет ќе бидат скршени, смета Пол Крег Робертс.
Во својата статија во списанието Foreign Policy Journal политикологот пишува дека Русија се „изморила од кражбите на гас преку Украина, па затоа донесе решение да го праќа гасот во Турција“.
„Рускиот министер за енергетика го потврди ова решение и додаде дека доколку европските држави сакаат да добиваат руски гас, тогаш треба да создадат за тоа соодветна инфраструктура или да изградат гасоводи во своите држави“, пишува Робертс, забележувајќи дека ова решение во моментов не ѝ се заканува на Европа со прекин на испораките на гас, иако тоа во иднина теоретски е можно.
Бурната реакција во Европа поради промената на рутата на гасот од страна на Русија само дополнително сведочи дека Русија има многу „карти под ракав“ кои може да ги искористи за да го „скрши западниот финансиски и политички систем“.
Уште еден фактор кој во иднина може да удри по хегемонијата на САД - е сојузот меѓу Русија и Кина, смета експертот. Според него, Русија и Кина „не ги играат резервните карти“ поради тоа што сметаат дека не е дојдено времето за тоа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче