МНР на Русија ги повика членовите на меѓународната заедница да побараат од Киев да се откаже од логиката на конфронтација и насилно решавање на ситуацијата на југоистокот на Украина.
„Ги повикуваме сите членови на меѓународната заедница да побараат од украинските власти да се повлече од логиката на конфронтација и да се откаже од насилното решавање на ситуацијата на југоистокот на Украина“, објавено е на интернет-страницата на МНР на Русија.
Освен тоа, МНР ја повика светската заедница да побара од Киев исполнување на своите обврски и да започне уставна реформа со рамноправно учество на сите региони во државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.