Медиуми: намалениот рејтинг на Русија нема врска со реалноста

Намалениот рејтинг на Русија од страна на некои познати агенции за рејтинг не одговара на реалноста, смета политичкиот експерт Дмитриј Бабич.

Намалениот рејтинг на Русија од страна на некои познати агенции за рејтинг не одговара на реалноста, смета политичкиот експерт Дмитриј Бабич.

Западните медиуми, пишува авторот, се полни со среќа поради намалувањето на кредитните рејтинзи на Русија од страна на Fitch и Standard&Poor.

Ако се земе предвид однесувањето на Европската комисија кон Кипар и Португалија во 2012, (на овие земји им беше намален кредитниот рејтинг), кога медиумите и Европската унија со жалење ја констатираа лошата состојба во тие земји и беа подготвени да им помогнат - за Русија покажуваат сосема спротивни емоции.

Дмитриј Бабич прашува „зошто овие агенции се толку песимистични за Русија?“. Како одговор авторот го наведува мислењето на Бен Арис, главен уредник во Business New Europe, кој смета дека негативните оценки се базирани на сомнителни докази. „Ако ги погледнете цифрите, а не насловите во медиумите, ќе видите дека Русија не се наоѓа во криза“, смета Арис.

Тој забележува дека во Русија досега нема никакви големи банкротства, буџетот е во суфицит, а долгот е далеку понизок отколку во државите како Грција и Италија. Арис додава дека Русија има трипати повеќе резерви за анулирање на својот долг од 120 милијарди долари кој треба да го исплати следната година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња