Во Шведска и Финска одамна се одржуваат разговори и дебати за приклучување на државите во НАТО, но властите засега не брзаат да го донесат тоа решение, бидејќи тоа во голема мера би ги комплицирало односите со Русија, пишува германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung.
![]() |
На Русија и на НАТО им требаат правила за коегзистенција |
И покрај тоа што во шведското општество за 12% е поголем бројот на приврзаници кои го одобруваат приклучувањето кон НАТО, властите се држат на неутралната позиција. Кога Ана Кинберг, претставник на шведската партија „Алијанса“, истапи со иницијатива за приклучување кон НАТО, премиерот Штефан Левен „одговори на тоа како што се очекуваше: ја одби иницијативата“.
Претседателот на Финска Саули Нинисте во своето новогодишно обраќање до финскиот народ изјави дека односите со Русија ги смета за едни од најважните теми кои ќе ги обработува во оваа година. Зборувајќи за членството во НАТО, тој изјави: „Се разбира, можеме да се приклучиме кон НАТО во било кој момент доколку посакаме“. Сепак, Нинисте, како и премиерот на оваа земја Александар Стуб разбира дека членството во НАТО во голема мера ќе ги усложни односите со Русија, пишува FAZ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче